Околу 500 празни кревети во ковид-центрите ширум земјава

од Nikola Popovski
251 прегледи

Од Министерството за здравство исто така додаваат дека во изминатото деноноќие во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според извештаите на министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

„Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од оваа институција.

Слични содржини