Околу 6 отсто од луѓето во светот умираат поради физичка неактивност

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Недостаток на вежбање и физичка неактивност имаат многу негативни ефекти врз луѓето и се одговорни за 6 проценти од смртните случаи во светот, изјави д-р Хајла Каџихан.

Обраќајќи се на виртуелниот прв Национален е-симпозиум за физичка активност, д-р Каџихан, раководител на Одделот за работна терапија на Факултетот за здравствени науки, Универзитетот Бируни, истакна дека физичката неактивност стана вообичаена денес во светот.

„Физичката неактивност во 21-25 проценти од случаите влијае на појава на рак на дојка и дебело црево, 27 проценти дијабетес и 30 проценти исхемична срцева болест“, рече Каџихан.

Вежбањето и физичките движења се најефективниот и најевтиниот метод за превенција од срцеви заболувања, дебелина, висок крвен притисок, дијабетес и некои видови карцином, рече професорката.

„Физичката активност му помага на поединецот да се чувствува поенергично, живо, поактивно и помирно. Го штити и подобрува здравјето на луѓето со ограничена подвижност и спречува болести предизвикани од неактивност“, нагласи Каџихан.

Слични содржини