77 илјади бегалци блокирани во ЈИЕ по затворањето на Балканската маршрута

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Само во Грција има 62 000 луѓе1478151680-izteglen-fayl

Околу 77 илјади бегалци се блокирани во Југоисточна Европа, откако беше затворена т.н. Балканска маршрута на почетокот на годината, соопштија германските власти, јави ДПА.

Само во Грција има 62 илјади бегалци, од кои 15 илјади се на островите во Егејското Море.

И покрај затворените граници мигрантите сепак успеваат да ги пресечат или да ги заобиколат.

Во Србија бројот на кандидатите за азил, кои се обидуваат да заминат во Западна Европа достигнал 6.300, во споредба со две илјади кон крајот на јуни.

Откако беше затворена Балканската маршрута во средината на февруари 50 илјади лица успеаја да стигнат до Германија, изјави во септември австрискиот канцелар Кристијан Керн, повикувајќи се на податоци, кои му ги дала канцеларката Ангела Меркел.