МОБ има нов в.д. директор. Со одлука на Министерството за култура Олга Панго ќе го замени досегашниот директор Игор Дурловски.  На оваа функција балерината и кореографката Панго доаѓа од местото уметнички раководител на балетскиот ансамбл во МОБ.
 

 

Дурловски, беше еден од водачите на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од оваа функција се повлече  минатиот месец, а одлуката за ова ја сподели на својот Фејсбук профил.

„Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови, кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“, напиша тогаш Дурловски во објавата.