Олимпијадата во Париз постави рекорд по продадени билети

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз продаде рекорден број билети во историјата на Игрите, изјави шефот Тони Естанж за АФП.

Две недели пред почетокот на најголемиот спортски настан, продадени се 8,6 милиони билети. Претходниот рекорд беше поставен во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони билети за Игрите во Атланта. Амбицијата на организаторите е да продадат 10 милиони билети.

@Нема официјален ранг или веродостојни податоци за бројот на продадени билети за претходните Олимписки игри. Само Меѓународниот олимписки комитет ги има овие бројки и тие се тие кои не информираа. Горди сме што веќе поставивме рекорд, но сè уште можеме да продадеме повеќе#, рече Естанж.

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Слични содржини