Олимписки шампион ги налути навивачите на Ѓоковиќ: „За мене Федерер е најдобар“

од Nikola Popovski
3,6K прегледи

Марк Роуз, поранешен олимписки шампион во тенис, откри кој според него е најдобриот тенисер на сите времиња.

Роуз пред 32 години во Барселона стана олимписки шампион и направи големо изненадување, а сега се потсети на тој успех.

„Искрено, немам многу спомени од тие денови. Се сеќавам на сите детали за олимпиското село и други работи, но не се сеќавам многу во врска со тенисот. Во тоа време немаше интернет, немаше мобилни телефони, ние бевме во свој свет, спортски, а јас бев единствениот Швајцарец со медал. Не можевте да читате вести, не знаевте како реагираат луѓето во вашата земја“, изјавил Роуз за „Tennis Magazine“.

Тој говорел и за тоа кој е најдобриот на сите времиња.

„Се зависи од тоа што значи да се биде најдобар. Ако се погледнат бројките на Грен слемовите, подобри се Надал и Ѓоковиќ. Ако гледате кој е највлијателниот играч во спортот, за мене тоа е Роџер. Голем дел од она што е сега во спортот, како што се вниманието и паричните награди, му го должиме нему. Во кошарката имате пред и по Мајкл Џордан. Луѓето што го сакаат Федерер ќе кажат дека тој е најдобриот, но тие што се луди по Новак ќе ви кажат дека тоа е Новак. Тие што се за Надал ќе кажат дека тој освоил се“, заклучил Роуз.

Слични содржини