Олимпискиот комитет на С. Македонија: Награда од 10.000 евра за Дејан Георгиевски

од Stefanija Kuzmanovska

Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет, стои во соопштението на Олимпискиот комитет на С. Македонија објавено денеска.

„Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски“, наведуваат оттаму.

Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно.

Слични содржини