Олимпискиот медал и беше вратен на Романката Барбоса, причината е неверојатна грешка од 4 секунди

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Со одлука на Судот за спортска арбитража (CAS), на романската 18-годишна гимнастичарка Ана Барбоса и е вратен бронзениот медал што го освои минатиот вторник во финалето на подот, кој и беше одземен по жалбата на раководството на американската репрезентација и доделена на Џордан Чилс, која по првичниот редослед заврши само на петтото место.

За што се работи? Во жалбената постапка е направена процедурална грешка. Според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација, рокот за жалби на натпреварите е една минута од моментот на објавување на резултатите, а управата на натпреварувањето ја добила американската жалба една минута и четири секунди по објавувањето ноцените за настап на Чилс.

Поради ова, судиите на CAS донесоа одлука дека резултатот на американската гимнастичарка останува 13.666, со што се враќа на петтото место, а бронзениот медал го доби Ана Барбоса.

– Ова е чувство кое тешко можам да го изразам, не ми се верува. Кога ја слушнав веста се исплашив дека не е вистина, а кога ме убедија дека е, ги прегрнав родителите и им се јавив на сите што ми помогнаа – изјавила пресреќната Барбоса.

Слични содржини