Оливер Драгојевиќ прв пат проговори за тешката болест, упати голема молба до сите

од desk3
126 прегледи
Пред еден месец на Оливер Драгојевиќ му е откриен тумор на белите дробови, а пејачот штом дознал за тешката болест започнал со хемотерапија. Така за хрватските медиуми не сакал премногу да зборува за својата болест, но за српските открил повеќе детали. 

 

“Лежам, гледам телевизија, така сега изгледаат моите денови. Добро сум, одам понатаму. Морам да туркам понатаму. Ќе видиме како ќе помне втората хемотерапија. Се е уште е многу неизвесно и не се знае што ќе биде”, рече за Блиц. Признал дека лекувањето не му паѓа тешко.

“Како на сите луѓе, енергијата ми е нормална, не се плашам. Болест е болест, секој страда на свој начин и се бори да опстане и датурка понатаму”, рекол во разговорот со новинарите. Времето го поминува со сопругата Весна во семејниот дом, а признал дека тешко му паѓа интересот на јавноста за неговата здравствена состојба.

“Не знам зошто јавноста толку ја интересира мојата здравствена состојба. Имам  некој живот кој е приватен и така сакам да осане, но тоа веќе не е приватно, бидејќи толку се пишува за мојата болест. Што ќе им се на луѓето толку информации за мене, па толку многу од нив исто така болно”, рече и додаде:

“На сите им благодарам за грижата, но она што сега ми треба е мир”.