Олмо е пред трансфер на кариерата, Романо ги откри деталите за зделката

од Vladimir Zorba
1,4K прегледи

Фабрицио Романо објави ексклузива поврзана со една од најочекуваните зделки во овој преоден рок. Италијанскиот стручњак за трансфери тврди дека Дани Олмо договорил се со Барселона и дека сега ќе испратат подобра понуда до РБ Лајпциг за да се реализира зделката.

Претходно се пишуваше дека Барселона понудила 40 милиони, кои би се плаќале на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година. Десет милиони бонуси би стигнале до Лајпциг доколку Барселона освои две Ла Лиги до 2029 година и уште десет ако ја освои Лигата на шампионите двапати во истиот период. Се пишуваше и дека РБ Лајпциг одговорил на понудата само поради добрите односи што ги има со агентите на Олмо, бидејќи тие ја сфатиле понудата како навредлива.

Германскиот клуб е подготвен да го продаде Олмо во трансфер вреден околу 60 милиони евра, но Барселона првично понуди само 40 милиони фиксни, што е многу под наведената цена. Овој пат понудата е многу поблиску до она што го очекува Лајпциг.

Романо тврди дека Барселона договорила се со Олмо и му дава шестгодишен договор. Нова понуда е испратена до Лајпциг. Сега изнесува 55 милиони евра фиксни, четири милиони евра преку лесно остварливи бонуси и уште три милиони преку бонуси кои ќе бидат нешто потешко остварливи.

Слични содржини