Омикрон го одложи Светскиот економски форум во Давос

од Nikola Popovski

Светскиот економски форум денеска повторно го одложи годишниот состанок на светските лидери и деловни луѓе во Давос, поради неизвесност поврзана со сојот омикрон.

Претходниот форум беше откажан, а новиот требаше да се одржи од 17 до 21 јануари, но беше одложен за „почетокот на летото“.

Сегашните услови на пандемијата го отежнуваат одржувањето на глобалниот состанок, објави Светскиот економски форум.

Во Швајцарија, од петок, потребна е потврда за вакцинација или документ за прележан Ковид-19 за влез во угостителски објекти и настани во затворен простор.

Форумот сè уште планира да биде домаќин на дигитален собир на деловни, владини и невладини лидери, наведува АП.

Фото: REUTERS/Arnd Wiegmann

Слични содржини