Омикрон и во Црна Гора кај пациент кој пристигнал од Африка

од Nikola Popovski

Првите случаи на сојот омикрон во Црна Гора се идентификувани во едно семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗ).

„Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми“, се вели во соопштението.

Едно лице заразено со новиот сој на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт била во авион со лице за кое било потврдено дека има омикрон, соопшти тамошниот Институт.

Вкупно 2.324 лица починале од коронавирус во Црна Гора, а се заразиле 158.283 лица.

Слични содржини