„Омикрон“ ја нападна Премиер лигата, нема натпревар Брентфорд – Јунајтед

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Премиер лигата објави дека во претходната недела е забележан рекорден број позитивни случаи на коронавирус. Во текот на минатата недела, имаше 42 позитивни случаи меѓу играчите и членовите на персоналот од вкупно 3.805 тестирани, објави Би-Би-Си.

Најголем број позитивни случаи досега е забележан во јануари, кога имало 40 позитивни резултати.

Два натпревари се одложени. Минатиот викенд требаше да играат Брајтон – Тотенхем, додека за вечерва беше закажан дуелот помеѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед.

Епидемијата ги зафати Тотенхем и Јунајтед.

Се стравува дека со зајакнување на сојот „омикрон“, бројот на заразени би можел забрзано да порасне и дека календарот за натпреварување целосно ќе биде нарушен.

Сезонава најпозитивни резултати се утврдени од 16 до 22 август, кога имало 16 позитивни случаи од вкупно 3.060 тестирани.

Слични содржини