Она што е сигурно е дека свежите зеленчуци сигурно се поздрави во однос на готвените и конзервираните. Зимницата е одличен начин да се зачува нивниот вкус, но дали останува и нешто друго во теглите.
На ајварот ретко кој може да одолее, па оттука доаѓа и прашањето дали воопшто користиме барем мал дел од хранливата вредност на пиперките од кои се подготвува. Одговорот е дека користиме само растителни влакна, бидејќи во процесот на печење, варење и пржење, тие ги губат сите нутритивни вредности.
Од друга страна пак, кога зеленчукот не е термички обработен, како на пример туршијата, се задржуваат голем дел од изворните, но и добива нови хранливи карактеристики. Ова особено важи за киселата зелка, која во текот на ферментацијата добива и пробиотски вредности, кои го заштитуваат телото од болести. Единствено треба да внимавате на количината сол која била употребена при подготовката.
Нутриционистите препорачуваат киселата зелка да се измие под млаз вода, за да се намали количината сол која ја внесуваме. Исто така, сметаат дека треба да ги јадеме овошјата и зеленчуците кои се соодветни на тековната сезона, иако во маркетите можеме да ги најдеме сите видови. Тие се третирани и нутритивно посиромашни во однос на периодот кога им е сезона.