Омилениот клуб на папата Франциск е во долгови оти плаќале 20 канали за возрасни

од Nikola Popovski
46 прегледи

Навистина за рубриката „Верувале или не“. Некогаш ваквите работи завршуваа на познатата веб-страница „Онион“, но ова не е лажна вест. Понекогаш реалноста е полуда од која било фикција.

Сан Лоренцо, омилениот клуб на папата Франциск, се најде во големи долгови поради претплата која е се само не обична.

Матео Сагардој ги информираше навивачите за тоа што се случувало во клубот во првите девет месеци откако новата управа го презела клубот. Ги обновувале претплатите на телевизиските канали, а потоа откриле дека има голем долг.

Причината? Некој реши да ги отклучил сите канали за возрасни.

„Мора да знаете дека имавме голем долг и дека плаќавме за повеќе од 20 порно канали“, напиша Сагардој. Некој од претходната управа решил дека тоа му е неопходно на клубот.

Договорот е раскинат, но мора да се платат големите долгови.

„Дали направивме се како што треба? Не. Дали решивме се? Ние не. Дали постои уште многу да се поправи? Постои. Секојдневно сме посветени на тоа и сакаме еднаш засекогаш да го изведеме клубот на вистинскиот пат“, изјавил новиот член на УО на Сан Лоренцо.

Папата Франциск еднаш објасни колку го сака овој клуб.

„Тоа е дел од мојот културен идентитет“, рекол тој.

Слични содржини