Омилените десерти на богаташите

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Има ли нешто поубаво од десерт? Да, тоа е позлатен десерт. Знаете ли дека има луѓе кои се подготвени да ја платат за една лажичка сладолед,  вредноста на една скапа кола?4772839

За многу од нас десертот е очекуваниот крај на секој ручек или вечера, вкусен почеток на денот или само нешто навистина вкусно во секое време од денот.

Foodpanda, ги нуди на вашето внимание најскапите десерти во светот.

Најскапата торта- 75 милиони $. Претставува модна ревија при што фонданот е изработен од 4.000 дијаманти, вклучувајќи неколку розови и жолти. Била нарачана од арапски бизнисмен за свршувачката на својата ќерка.

Најскапата овошна торта- 1, 7 милиони $. Како ви звучи торта со 223 дијаманти? Можеби вкусно? Таа е украсена со марципан и има 10 видови овошје. Тортата се прави 6 месеци од познат јапонски готвач.

Најскапиот пудинг- 23 000 $. Овој пудинг е со позлатена декорација и два дијаманти. Десертот се служи на златен послужавник.

Најскапиот сладолед- 25 000 $. Тој содржи 28 видови какао, дијаманти и злато. Достапен е во кафетерија во Дубаи, а може да се купи и само една лажичка од овој сладолед по цена од 817 $

Најскапата крофна – 1,678 $. Многу овошје, едно од најскапите шампањска во светот и белгиското чоколадо ќе ве воодушеват, но тоа што ја прави оваа крофна толку скапа е повторно златото. Достапна во Лондон.