ОМО Илинден до Ковачев: Бугарија да си го смени празникот 3-ти март

од Nikola Popovski
333 прегледи

Одговорите на идејата на Ковачев како и на сите други барања се два. Прво – НЕ! Второ – Бугарија да си го исчисти својот двор. Во случајот – да си го смени празникот 3 март – тоа не е празник на ослободување на Бугарија, туку слави еден никогаш нереализиран прелиминирен договор, кој вклучува во проектираната Бугарија територии од сите соседни на Бугарија земји, плус Албанија, реагираа од ОМО Илинден Пирин на изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за празникот 11 Октомври.

Според здружението на Македонци, Бугарија во тој случај треба да си го смени празникот со датумот на Берлинскиот конгрес (кога станува држава) или датумот на влегување во Европската унија.

-Или и тие да го земат за празник почетокот на антифашистичката борба во Бугарија – ние нема да им замериме за тоа што таа е започната од Македонецот Иван Козарев во Пиринска Македонија, велат од ОМО Илинден-Пирин.

Ковачев смета дека е спорен е празникот 11 Октомври – Денот на востанието.

-Таму се уште е како празник, како што го нарекуваат, кога пукнала првата пушка против Бугарите во октомври месец. Ако ништо не смениш од претходниот режим на Титова Југославија не може со истата идеологија да влезеш во ЕУ, зашто таа идеологија е директно насочена против друга земја членка на ЕУ. Ова е можеби една од ретките земји во Централна и Источна Европа, заедно со Србија, каде што остана тоа време на Титова Југославија, сега е дури и исполнето со уште повеќе елементи кои не се во интерес на Бугарија, рече европратеникот во интервјуто за БТВ.

Слични содржини