ОМО „Илинден“: Никој не крие кој стои зад отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

од Берта Китинска
179 прегледи

Финансиери на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто, Канада – Глигор Цанев и Минчо Остас, а посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права, објави денеска на Фејсбук организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден” – ПИРИН во отворената порака до министерот Бујар Османи.

-Господинот Османи не се интересира ниту од тоа кои го отворат клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани.Можеби затоа што си барате изговор зашто нема да дојдете?! Правдање, зашто надворешниот министер на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија?Така е кога првиот македонски дипломат се информира од жолти сајтови кои шират прикриено бугарска пропаганда во Македонија.

Каде не помага таму и ги напаѓа оние што ни помагаат!И каков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.

Две прашања господине Османи:

1. Нели ветивте да не се мешате во внатрешните работи на Бугарија – да проверувате што прават граѓани на Бугарија во Бугарија не е ли директно мешање?

2. И не е ли тоа работа на бугарските институции, ако сакаат нешто да проверуваат на нивна територија? Од кога македонското надворешно министерство е разгранок на внатрешното министерство на Бугарија?

Отворањето на Културен клуб на име на поетот антифашист Никола Вапцаров не е исто со отворање на „културен“ клуб на име на терорист и хитлеров соработник.
Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација!

Културните активности на Македонците во Бугарија не можат да штетат на вистински и искрени добрососедски односи – токму спротивно!
Оставете ние, Македонците во Бугарија, да решаваме од што имаме потреба и што ни оди во наш интерес. Вие така или инаку се имате откажано од нас!
Оние што не се откажаа од нас – доаѓаат во недела. Тие се добро дојдени, стои во Фејсбук објавата.

Вчера МНР и министерот информираа дека се проверува кој стои позади македонскиот клутурен центар во Благоаевград.

Османи во специјалното интервју за БТВ објасни:

„Слушнав за тоа, се уште испитувам кој стои позади тоа, така што треба да се види и тука кој стои позади клубовите тука кои се отвораат, без да се внимава на сензитивноста на одредени прашања, без да се обидат тие клубови да бидат во функција на бугарската заедница, кој стои позади клубот на македонска заедница во Бугарија за да видиме дали навистина се добронамерни од двете страни или тоа е нечија агенда“.

Клубот ќе биде отворен на 30 октомври во Благоаевград.