ОМО Илинден започнува со опремување на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

од Nikola Popovski
243 прегледи

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.

-Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, вела од ОМО Илинден.

Од таму додаваат дека веќе пронајдени се простории во центарот на градот и дека започнуваат со опремување на клубот и културниот центар.

– Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија Никола Вапцаров. Се надеваме да добиеме и помош од македонската Влада за опремувањето и отворањето на клубот . Доколку сите подготовки се одвиваат според планот, Центарот ќе може да се отвори и по повод празникот Илинден или за 12 септември, стои во соопштението од здружението на Македонци.

Слични содржини