ОН ја обвинија Русија за воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Руските напади врз цивили во Украина, вклучително и систематско мачење, се воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото, соопштија Обединетите нации.

Како што додаваат оттаму, тоа го покажала истрагата на ОН.

Извештајот за човекови права беше објавен една година по рускиот напад на театарот во Мариупол, во кој загинаа сто луѓе кои беа внатре.

Меѓу потенцијалните злосторства против човештвото, во извештајот се наведени повторените напади насочени кон украинската инфраструктура, кои оставија стотици илјади луѓе без топлина и електрична енергија во најстудените месеци, како и „систематска и широко распространета“ тортура во повеќе региони под руска окупација.

Слични содржини