ОН: Авганистан најмалку, од сите земји во светот, ги почитува правата на жените

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева, денеска, на Меѓународниот ден на жената, соопшти дека Авганистан под талибанската влада сè уште е земја која најлошо во светот ги третира правата на жените и девојчињата.

Отунбаева додаде дека е „вознемирувачки“ да се видат „намерни и систематски напори“ на талибанската влада да ги истисне жените и девојките од јавната сфера во Авганистан, пренесува АП.

„Половина од населението на Авганистан е принудено да остане дома во екот на една од најголемите светски и економски кризи, а тоа е чин на национално самоосакатување во огромни размери“, посочи таа.

Слични содржини