125
Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации за Сирија, Муханад Хади денес изјави дека бројот на жртвите од минатонеделниот смртоносен земјотрес најверојатно ќе се зголеми.
Според досегашниот извештај на ОН, на територијата на цела Сирија загинале околу 6.000 луѓе, од кои 4.400 живееле во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на бунтовниците, наведува АП.
„Се надеваме дека оваа бројка нема многу да се зголеми. Но, според она што го гледаме, сè што уништи овој земјотрес не ни дава многу надеж дека ова е крајот“, рече Хади.