ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина далеку поголем од официјалните податоци

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Комесарот за човекови права Волкер Тирк денеска изјави дека кршењето на човековите права при руската инвазија на Украина е „шокантно рутинско“, како и дека бројот на цивилни жртви е далеку поголем од официјалните податоци.

Тој изјави дека украинската нација „се бори да преживее“, пренесува „Ројтерс“.

„После 13 месеци од војната на Руската Федерација против Украина, грубото кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право станаа шокантна рутина. Луѓето низ целата земја се соочуваат со огромно страдање и загуба, лишување, раселување и уништување“, рече тој.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХЦХР) потврди дека има повеќе од 8.400 цивилни жртви и повеќе од 14.000 ранети цивили.

„Овие бројки се само врвот на ледениот брег. Повеќето од жртвите се резултат на употребата на експлозивно оружје во станбени области од страна на руските сили“, рече Тирк.

Советот за човекови права на ОН е единственото тело кое ги штити човековите права ширум светот и нема правно обврзувачки овластувања, но препораките и оценките кои ги дава може да стимулираат истраги кои доставуваат докази до националните и меѓународните судови, потсетува агенцијата.

Следната недела се очекува Советот да усвои резолуција за продолжување и продлабочување на мандатот на истражното тело на ОН формирано за истрага на можни злосторства во Украина.

Слични содржини