По повод меѓународниот ден за заштита на новинарите, Репортери без граници ги повикаа Обединетите нации да преземат конкретни чекори и да постават Специјален претставник на генералниот секретар на ОН за безбедност на новинарите.

Повеќе од 700 новинари се убиени во текот на изминатите 10 години, додека ја работеа всојата работа,а пробелм не е во непостоење на закон туку во негоават примена, предупредува Репортери без граници.
-„Само Специјален претставник на ОН кој би имал блиска соработка со геренралниот секретар на ОН би имал политичка тежина и капацитет да делува брзо и легитимност да ги координира сите тела на ОН за да се направат промени.“-велат од организацијата.
Главната задача на Специјалниот претстваник би била да следи колку членките на ОН се придржуваат до меѓународната правда. Во таа смисла како модел би послужил Специјалниот претстваник за деца во вооружени судири.
Во 2014 година се убиени 71 новинар, пред се во Сирија,Украина, Ирак и Либија, а 119 се киднапирани, што е 30 проценти повеќе од 2013 година.
Од почетокот на годината убиени се 48 новинари, оф кои 8 во Франција, 6 во Јужен Судан, 5 во Јемен, 5 во Ирак, 5 во Сирија, 3 во Мексико, 3 во Бразил.