ОН ги забележа највисоките температури во историјата на Антартикот

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Светската метеоролошка организација (СМО) кон ОН направи листа на највисоките температури, мерени некогаш во Антарктикот, давајќи нови информации за тоа како климатските промени се одразуваат на еден од најчувствителните региони на планетата. Создавање на карта со највисоките температури е клучот за разбирањето на временските модели и влијанието врз природната варијабилност на климата на промените, создадени од човекот.

“Проверката на максималните и минималните температури ни помага да се изгради слика на времето и климата во една од крајните граници на земјата”, рече поларниот експерт Мајкл Спеероу од Светската програма за климатски истражувања, дел од СМО.

Според податоците највисока температура во регионот на Антарктикот- сите територии и ледените површини под 60 степени јужна ширина е 19,8 степени Целзиусови и е регистрирана на 20 јануари 1982 година во истражувачката станица на О. Сигнал.

За самиот континент највисока температура е од 17,5 степени и е регистрирана на 24 март 2015 година во близина на северниот врв на Антарктичкиот полуостров. При Антарктиковото плато – територии над 2500 метри, највисока температура била минус 7 степени на 28 декември 1980 година.

На површина два пати поголема од онаа на Австралија, ледената капа на Антарктикот е дебела до 4,8 километри и содржи 90% од свежата вода на планетата – доволно да го зголеми нивото на океаните и морињата до 60 метри, ако се стопи. Западниот полуостров на континентот, во близина на Јужна Америка, веќе е меѓу најбрзо затоплувачките региони на планетата. Таму е регистриран пораст на температурите со 3 степени Целзиусови само во рамките на еден век. Тоа е три пати повеќе од просечниот пораст за целата планета. Најстудените температури во Антарктикчкиот регион, и во целиот свет, се минус 89,2 степени и се мерат на 21 јули 1983 година на станицата Восток.