Генералното собрание на Обединетите нации одобри резолуција со која 18 ноември е утврден како Светски ден за превенција на сексуална злоупотреба на деца.
Тој ден ќе биде искористен за да се нагласи потребата од превенција, да се изведат сторителите пред лицето на правдата и да се даде глас на жртвите како дел од процесот на лекување, пренесува АП.
Резолуцијата беше предложена од Сиера Леоне и Нигерија, а поддржана од повеќе од 110 земји.