ОН го утврдија 18 ноември како Светски ден за превенција на сексуална злоупотреба на деца

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Генералното собрание на Обединетите нации одобри резолуција со која 18 ноември е утврден како Светски ден за превенција на сексуална злоупотреба на деца.

Тој ден ќе биде искористен за да се нагласи потребата од превенција, да се изведат сторителите пред лицето на правдата и да се даде глас на жртвите како дел од процесот на лекување, пренесува АП.

Резолуцијата беше предложена од Сиера Леоне и Нигерија, а поддржана од повеќе од 110 земји.

Слични содржини