ОН: Гутереш подготвен да посредува на самит за Украина само со согласност на сите страни

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е подготвен да посредува кога станува збор за одржување на самит за Украина само со согласност на сите страни, вклучително и Русија, изјавија од кабинетот на Гутереш за РИА Новости.

Агенцијата наведува дека во врска со иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека Гутереш може да посредува само доколку сите страни сакаат тој да биде посредник.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самит за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој состанок.

Слични содржини