ОН и Црвениот крст потврдија дека евакуацијата од Азовстал е во тек

од Берта Китинска
216 прегледи

Обединетите нации денеска потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓето од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол.

Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, за агенцијата АП изјавил дека напорите за евакуација на луѓето од „Азовстал“ се прават во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и во координација со украинските и руските власти.

Руските сили ја презедоа контролата врз Мариупол, но околу 2.000 припадници на украинските сили се во поранешната фабрика за челик. Официјачен Киев тврди дека со нив се и околу 1.000 цивили кои се засолниле од гранатирањето.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека две групи со вкупно 46 цивили вчера преку хуманитарниот коридор ги напуштиле објектите на металуршкиот комбинат.

Слични содржини