ОН: Израел да престане да користи муниција со висока експлозивна моќ во гранатирањето на Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, го повика Израел да престане да користи муниција со висока експлозивна моќ во гранатирањето на густо населените области на Појасот Газа, што израелските сили го прават во обид да го уништат радикалното палестинско движење Хамас, јави ДПА.

„Имајќи го предвид големиот број жртви меѓу цивилното население и широкиот периметар на уништување меѓу цивилните објекти, имаме доста сериозни сомневања дека се вршат неселективни напади кои се во спротивност со меѓународното хуманитарно право“, рече Турк за време на посетата на главниот град на Јордан, Аман.

По неговата посета на контролниот пункт Рафа на границата меѓу Египет и Појасот Газа, тој зборуваше за „воени злосторства“ од двете страни во војната.

Турк ја опиша ситуацијата во енклавата како страшна.

„Разговарав со израелските бранители на човекови права кои се вознемирени и огорчени од маките на цивилите во Газа. Тие исто така се загрижени како тоа што се случува влијае на имиџот на Израел“, наведува Турк.

„Решението е да се стави крај на окупацијата и целосно да се почитува правото на Палестинците на самоопределување“, додаде тој.

Слични содржини