
Милиони низ целиот свет веќе во голем степен се потпираат на помош за храна за да преживеат, предупреди Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP).
Дејвид Бизли, шеф на WFP, рече дека е неопходна итна акција за да се избегне светска катастрофа.
Во извештајот се проценува дека бројот на луѓе кои гладуваат може да се зголеми двојно – од 135 милиони на повеќе од 250 милиони.
Граѓаните на 10 држави кои се најпогодени од конфликтот, економската криза и климатските промени се најзагрозени, велат оттаму.
Четвртиот годишен глобален извештај за кризата со храна, ги наведува Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Етиопија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Нигерија и Хаити како најзагрозени.
Говорејќи пред Советот за безбедност на ОН за време на видео конференција, Дејвид Бизли рече дека светот мора „да дејствува разумно и брзо“.
„Можеме да се соочиме со многу гладни во рок од неколку месеци“, рече тој.
„Вистината е дека времето не е на наша страна“, истакна Бизли.