173
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, денеска изјави дека натамошните напади врз инфраструктурата на Украина може да доведат до сериозно влошување на хуманитарната ситуација, како и да предизвикаат дополнително раселување.
„Идните напади може да доведат до дополнително влошување на хуманитарната ситуација, како и да предизвикаат уште поголемо раселување“, рече Турк во обраќањето пред Советот за човекови права на ОН.