144
Обединетите нации (ОН) со 25 милиони долари ќе и помогнат на Сирија погодена од земјотресот.
Дополнително финансирање од Централниот фонд за итни случаи на ОН (CERF) ќе помогне да се задоволат итните потреби на стотици илјади Сиријци, пишува Ројтерс.
Таа сума е како додаток на донацијата од 25 милиони долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.
Така CERF во само неколку дена му помогна на регионот погоден од разорниот земјотрес со сума од 50 милиони долари.
Фото: AP/Khalil Hamra