ОН: Најмалку 18.955 цивили убиени или ранети во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Од почетокот на руската инвазија на Украина, пред една година, во таа земја се убиени или ранети најмалку 18.955 цивили, објави Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР).

Новиот извештај наведува бројка од најмалку 7.199 убиени цивили и 11.756 ранети, иако се верува дека вистинските бројки се значително повисоки

Само во јануари годинава се регистрирани вкупно 697 цивилни жртви. Овие податоци се однесуваат на насилството долж фронтот долг околу 1.200 километри, односно на настаните во областите Доњецк, Луганск и Запорожје, каде што се водат најжестоките битки. Во тој месец е забележан висок интензитет на напади врз здравствени и образовни институции, соопшти ОХЦХР.

Високиот комесаријат ги поврзува тие напади и значителен број цивилни жртви со руската употреба на артилерија и друго оружје на цели кои не се поврзани со украинската армија, се наведува во извештајот. Поголемиот дел од цивилните жртви биле предизвикани од употреба на експлозивна муниција, вклучувајќи гранатирање, повеќекратни ракетни фрлачи, проектили и воздушни напади, соопшти ОХЦХР.

Слични содржини