ОН: Од 27 мај речиси 800 луѓе во Газа загинале чекајќи хуманитарна помош, најголем дел од нив кај пунктовите на „израелската“ фондација

од desk2
6 прегледи

Речиси 800 луѓе во Појасот Газа загинале од 27 мај досега додека се обидувале да дојдат до помош, а огромен дел од нив кај локациите на Хуманитарната фондација за Газа (GHF), која ја поддржуваат САД и Израел, соопшти Организацијата на обединетите нации (ОН) денеска.

Портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, денеска во Женева соопшти дека од 27 мај, кога почна да функционира GHF, па до 7 јули, се регистрирани 798 загинати, од кои 615 кај локациите на таа фондација.

GHF, чија цел е да се заобиколи ОН, дистрибуира помош за Палестинците во Газа на четири пункта заобиколени од израелски војници. ОН и хуманитарните организации целосно се дистанцираа од фондацијата, велејќи дека таа овозможува на Израел да ја користи храната како оружје, дека ги крши хуманитарните принципи и дека не е ефикасна.

Израел пак тврди дека Хамас ја злоупотребувал помошта доставувана од ОН, што ОН го негира.

Слични содржини