106
Обединетите нации (ОН) ќе работат на тоа хуманитарната помош да стигне и во областите под контрола на сириската влада и во оние под контрола на сириската опозиција, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и итна помош, Мартин Грифитс, за време на посета на разурнатиот град Алепо во Сирија.
Грифитс во неделата изјави дека ОН ги „изневериле“ жртвите од земјотресот во северозападна Сирија, пренесе Си-Ен-Ен.
„Досега ги изневеривме луѓето од северозападна Сирија. Тие со право се чувствуваат напуштени и чекаат меѓународна помош што не доаѓа. Моја должност и наша обврска е да го исправиме овој неуспех што е можно побрзо“, напиша Грифитс на својот профил на Твитер.