ОН се исцрпи. Денес структурите на организацијата се безнадежно застарени. Тие одамна не одговараат на новиот свет во кој се води борба за превласт на идеологиите, а не за територијални освојувања. Коментар на DW.

ОН се исцрпи. Структурите на организацијата се безнадежно застарени. Тие одамна не одговараат на модерниот свет во кој конфликтите веќе не газат по должината на границите. Еден свет во кој се води борба за превласт на идеологиите. А не за територијални освојувања. Видеокадрите со вербални напади на американскиот министер за надворешни работи Џон Кери против неговиот руски колега Сергеј Лавров се доказ дека монструозната бирократска организација веќе не знае како да им помогне на луѓето во Сирија. Бомбардирањето на хуманитарниот конвој, кој требаше да го олесни животот на илјадници луѓе, е ужасно сведоштво за тоа дека преговорите и расправииte не доведоа до ништо. Дека луѓето продолжуваат да умираат. Секој ден и секоја ноќ. Дури и сега, кога ги читаш овие редови.
Во 1945 година, кога беше создадена ОН, светот беше сосема поинаков. Искуството од Втората светска војна беше свеж. И за да не се повтори овој ужас, беа создадени соодветните структури. Петте постојани членки на Советот за безбедност добија право на вето со цел да се избегне доминацијата на одделните големи сили. Своевремено важни денес економски земји како Бразил и Индија немаа место на најголемата маса. А повоена Германија стана член на ОН дури во 1973 година.
Без волја за промени
Всушност во оваа структура нема никаква суштинска промена и до денес. Уште било која од петте постојани членки на Советот за безбедност (Русија, Велика Британија, Франција, Кина и САД) може да отфрли било каква одлука на мнозинството cс своето вето. Ова меѓу другото се однесува и до изборот на генерален секретар на ОН. А така можноста на чело на организацијата да застане еден маж или жена со јасна и храбра визија може да биде спречена. На крајот може се дава само некој т.н.. кандидат на средниот пат, кој ќе ги задоволува сите пет земји.
Во овој свет на напади, распаднати држави и структури ОН е важна од било кога. Само што таа не наоѓа ниту храброст ниту сили да се обнови и дасе надмине себе. Исто и поради тоа што победниците во Втората светска војна не сакаат да сфатат дека не можат сами да најдат решение на конфликти како оној во Сирија. Не сакаат да сфатат дека треба да се откажат од дел од власта, за да го претворат Генералното собрание на ОН во најмоќниот инструмент во меѓународните односи. По се изгледа дека со сегашното ледено доба во односите меѓу САД и Русија, слична реформа на ОН се оддалечува во најблиска иднина. И тоа пред очите на еден претседател Барак Обама, кој порано сфатил дека досегашните големи сили не можат да ја добијат новата борба за доминација на идеологиите без помош на новиот свет.
Германија и Советот за безбедност
И токму во оваа безизлезна ситуација Германија повторно поднесе барање за наизменичното членство во Советот за безбедност од 2019 година. Шансите не и изгледаат воопшто лошо. Барем во украинскиот конфликт Берлин покажа дека може да биде добар посредник. Инсајдерите кои сеуште не изгубиле надеж велат при тоа дека Германија сепак е четврта по големина нето исплатувач во ОН и некогаш може да стане и полноправна членка на Советот за безбедност. Дали тоа сепак ќе помогне? На крајот не останува ништо друго освен да размислиме дека секогаш е подобро политичарите да си викаат едни на други, наместо воопшто да не разговараат меѓусебно и да го остават оружјето да зборува.
Последното Генерално собрание на ОН покажа, дека Германија треба да се претвори во активен актер во големиот светски театар и во свој интерес. Сирија е само еден од многуте брутални примери за тоа дека денес и најоддалечените конфликти некогаш можат да стигнат и до твојот дом.