Сè уште е неопходно да се постигне договор за извозни дозволи од Русија, во рамките на планираниот договор за обновување на извозот на украинската храна, соопшти денеска кризниот координатор на Обединетите нации за Украина, Амин Авад.
„Русија начелно се согласува да се согласи со тоа, но потребни се повеќе преговори за да се олесни и извозот на Русија“, рече Авад на прес-конференција во Женева.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во средата изјави дека се надева оти кризата со храна предизвикана од војната во Украина ќе биде ублажена, но предупреди дека секој договор за деблокирање на испораките на стоки како што е житото е сè уште неизвесен.