ОН: Повеќе од 2,2 милиони луѓе се изложени на ризик од глад во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања во Газа, Георгиос Петропулос денеска изјави дека повеќемесечната војна меѓу Израел и Хамас довела до опасност од глад на повеќе од 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа.

„Сега на сите во Газа им е потребна помош и војната мора да престане. Можеме да задоволиме само една третина од потребите на населението за чиста вода за пиење“, изјавил претставникот на ОН за „Ал Џезира“.

Тој посочува дека медицинските и хуманитарните капацитети во Газа мора да бидат заштитени и неопходно е хуманитарната помош непречено да се доставува до блокираната територија.

Слични содржини