OН: Природните катастрофи од 1970 година наваму се зголемиле четири пати повеќе

од desk3
95 прегледи

Природните катастрофи од 1970 година се зголемиле речиси четирикратно и  САД преживеале најмногу природни стихии од 1995 година заедно со Кина и Индија, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутераш.

Тој рече дека последните денови светот е сведок на драматично влошување на климатските промени со невидени настани предизвикани од бури и поплави од Тексас до Бангладеш, Индија, Непал Сиера Леоне. Од сегашните поплави извештајот на ОН регистрира 2087 жртви само за оваа година од природните катастрофи.  Со последните поплави овој број речиси двојно се зголеми. Во последните два месеци речиси 1000 луѓе загинаа во поплавите во Бангладеш, Индија и Непал. Околу 40 милиони луѓе беа погодени  од стихиите во овие земји. Минатиот месец над 1000 луѓе загинаа од свлечиштето и поплавите во главниот град на Сиера Леоне – Фритаун. Во ураганот Харви загинаа најмалку 60 лица, а во Хјустон се излеа такво количество дожд, колку што се излевало во текот на целата година.

Минатата година 24,2 милиони луѓе во светот беа принудени да ги напуштат своите домови поради природни катастрофи, што е три пати повеќе од оние што бегаа од конфликти и насилство.

Гутераш потсети дека научниците покажуваат интерес кога станува збор за поврзување на одредени метеоролошки настани со климатските промени “Но тие исто така се категорични дека нивните предупредувања и до сега биле дека вакво екстремно време ќе се случува во свет кој се затоплува “, рече тој.

Запрашан од новинарите дали ќе го убеди американскиот претседател Доналд Трамп, САД да останат во Парискиот климатски договор, кога двајцата ќе се сртетнат на Генералното собрание на ОН, овој месец, Гутераш изрази надеж дека придржувањето кон обврските не е приватно, бидејќи зелената економија е економија на иднината.

 

Слични содржини