ОН: Речиси девет милиони луѓе во Сирија се загрозени, потребна е помош од 400 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Речиси девет милиони луѓе во Сирија беа погодени од минатонеделниот разорен земјотрес во Турција и Сирија, соопштија денеска Обединетите нации.

ОН побараа да се соберат 400 милиони долари помош за Сирија, објави „Ројтерс“.

„На хуманитарните агенции ќе им требаат 397,6 милиони долари за да одговорат на најитните хуманитарни потреби во следните три месеци“, стои во соопштението на ОН.

Слични содржини