Комисијата за човекови права на Обединетите нации заклучи дека нападите со беспилотни летала извршени од руските сили врз цивили во југоисточна Украина претставуваат злосторства против човештвото и воени злосторства.
Во извештај објавен оваа недела, комисијата изјави дека руските сили, „под централизирана команда“, систематски користеле беспилотни летала за „намерно таргетирање цивили и цивилни објекти, предизвикувајќи штета и уништување“, објави Гардијан.
Извештајот, составен од независната меѓународна комисија на ОН за истрага на Украина, се фокусира на три украински региони, Херсон, Николаев и Днепар, кои се блиску до линијата на фронтот и каде што нападите со беспилотни летала станаа почести во изминатата година.