ОН: Се повќе гладни

од desk3
99 прегледи
PinterestFacebookTwitter

Бројот на гладните во светот по неколку деценискиот пад, повторно расте бидејќи милиони луѓе трпат последици од судирите и климатските промени, покажуваат податоците на ОН. 

 

“Прелиминарните податоци за оваа година укажуваат дека бројот на гладни луѓе во светот повторно почнува да расте”, рече Jose Graziano da Silva, претседателот на FAO, ОН, организацијата за храна и стопанство.

Тој не изнесе точни бројни, но рече дека конечните податоци ќе бидат објавени во септември. “За жал вестите не се добри”, додаде Силва зборувајќи на конференцијаа на ФАО во Рим.

Бројот на луѓето кои немале доволно храна, според ФАО, во периодот од 2014 година до 2016, падна на 795 милиони, што е помалку за 21 проценти во однос на периодот од 1990. -1992. Грациано де Силва, рече дека овогодинешното назадување во сузбивањето на гладта не е изненадување со обзир на тоа дека речиси 20 милиони луѓе се соочуваат со проблемот поради борбата со сушата во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и Јемен.

“Околу 60 проценти од луѓето во светот кои трпат глад живеат во подрачјата погодени со судири и со ефектите на климатските промени'”, рече тој.

Целосното отстранување на гладта до 2030 година е еден од целите на ОН за одржлив развој кои членките го усвоија во 2015 година.