ОН: Среќата на македонецот е помеѓу Мозамбик и Мароко

од desk3
101 прегледи

Земјата на часовниците и чоколадо е најсреќната во светот, покажува најновото истражување. Швајцарија предводи на годишниот индекс “World Happiness”, кој е инициран од ОН, објавија светските новински агенции.

Швајцарија е проследено со Исланд, Данска, Норвешка и Канада.

SREKJA

Того, Бурунди, Бенин и Руанда, како и потресена од граѓанска војна Сирија, се најмалку среќни.
Турција е на 76 место Србија и Романија се соодветно на 86 и 87 место, Македонија е на 93 место-помеѓу Мозамбик и Мароко, а  Грција е на 102.

Индексот истражува 158 држави и има за цел да влијае врз политиките на одделните влади.

Истражувањето се базира листа на податоци од анкети на “Галуп” и го зема предвид променливите како БДП по глава на жител, очекуваното траење на животот, нивоа на корупција и социјални слободи.

Зголеменото задоволство од животот се гледа како адекватен метод за мерење на општествениот напредок и ефективноста на јавните политики, се вели во извештајот.

Според истражувањето на глобално ниво расте бројот на националните и локалните органи на власта, кои пријавиле податоци за нивото на среќата на своите граѓани при формирањето на политиките. Со мерењето на чувството за благосостојба и задоволство на луѓето, властите можат да создадат нови јавни простори и да нудат јавни услуги кои го прават животот на луѓето подобар.