ОН: Светското население ќе почне да се намалува во овој век поради намалувањето на наталитетот

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Според најновата проекција на Обединетите нации, се очекува светската популација да почне да опаѓа овој век, откако ќе го достигни својот врв во средината на 2080-тите, поради падот на наталитетот, особено во Кина.

Глобалното население, во моментов 8,2 милијарди, се предвидува да достигне приближно 10,3 милијарди до средината на 2080-тите, а потоа постепено да се намали на околу 10,2 милијарди до крајот на векот, според извештајот на ОН за светската популација кој беше објавен последен месец, пренесува Kyodo.

„Во некои земји, стапката на наталитет сега е дури и пониска од претходно очекуваното, а ние исто така гледаме малку побрз пад во некои региони со висока плодност“, рече заменик-генералниот секретар на ОН за економски и социјални прашања, Ли Џунхуа во изјавата.

Слични содржини