ОН тврдат: Руски војници пијат Вијагра за да силуваат жени и деца во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Претставници на ОН во петокот рекоа дека руските војници добиле залихи од Вијагра за да ги силуваат и дехуманизираат Украинките, пренесува АФП.

Претставничката на ОН, Прамила Патен рече дека потврдиле повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни приближна до реалната, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

„Кога жените се држат во заробеништво со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за руските војници кои се снабдени со Вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија“, рече Патен.

Жртвите се првенствено жени, рече таа, но има и мажи и деца.

Минатиот месец, истражителите на ОН заклучија во извештајот дека руските војници силувале деца – од кои некои биле на возраст од четири години, пишува Business Insider.

Слични содржини