2,8K
Сипаници, шуга и дијареа се во пораст поради ужасните санитарни услови во Појасот Газа, соопштија во неделата Обединетите нации.
Канцеларијата на ОН за итна помош (OCHA) соопшти дека една од причините е што луѓето морале да се потпираат на нечиста вода поради недостаток на вода за пиење.
Канцеларијата на ОН не даде конкретни бројки.
ОН предупредуваат дека бројот на заболени ќе се зголеми доколку водоводните и санитарните објекти брзо не добијат струја или гориво за да продолжат со работа.
Израел воведе „тотална опсада“ на Газа, отсекувајќи го густо населениот крајбрежен појас на Медитеранот од храна, гориво, лекови, вода и други основни резерви – како одговор на масакрот од милитантите на Хамас пред две недели.