ОН: Веќе постојат јасни докази за воени злосторства извршени и од Хамас и од Израел

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Веќе постојат јасни докази за воени злосторства извршени од двете страни, вклучително и убиства на цивили, соопшти комисијата на ОН за следење на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Сите оние кои го прекршиле меѓународното хуманитарно право или нападнале цивили мора да одговараат, додаде комисијата.

„Извештаите дека вооружените групи од Газа убиле стотици невооружени цивили се одвратни и не можат да се толерираат. Земањето цивилни заложници и користењето цивили како жив штит се воени злосторства“, истакнуваат оттаму.

Комисијата, исто така, додаде дека е „сериозно загрижена поради последниот израелски напад врз Газа и израелската најава за целосна опсада на Газа што вклучува ускратување на вода, храна, струја и гориво, што несомнено ќе чини цивилни животи“.

Палестинското движење Хамас во саботата започна од Газа молскавичен напад врз Израел со ракети, инфилтрирајќи ги неговите борци на југот на Израел каде што убиваа и земаа заложници, меѓу кои и странски државјани.

Слични содржини