Американските научници ги истражуваат начините за вистинско задоволство од сексот. Резултатите се објавени во научното списание PLOS One, објави “Хафингтон пост”.

Повеќе од 2.000 мажи и жени учествуваа во “Сексуално истражување во Америка”. Тие добија можност да ги истакнат своите сексуални преференци. Студијата беше поттикната од популарноста на книгата “Педесет нијанси” и последователното зголемување на профитот на секс продавниците.
Како резултат на научниот пристап, некои од широко распространетите стереотипи беа побиени. “И покрај стереотипите, различни романтични активности се покажаа како најпривлечни за жените и за мажите”, вели водечкиот автор на студијата Деби Хербинек. Затоа, ако сакате најкомплетната хармонија, обично треба да обрнете внимание на бакнежи, прегратки, романтични зборови … и сето тоа мора да биде во специјално создадената атмосфера, советува таа.