“Оние гадови пак не прскаат!”

од desk3
107 прегледи

Тајна светска влада, еврејскиот капитал, ѕидари, Илуминатите или некои други од вообичаените осомничени за тајно прскање од воздух! Тоа го тврдат приврзаниците на теориите за заговор за т.н. кемтрејлс.

0,,15661492_303,00

Сите знаеме дека авионите остават зад себе кондензирана траги – главно водени капки, кои излегуваат од турбините. Овие траги полека се претвораат во облаци,кои се формираат одново, потоа исчезнуваат. Но, од 1996 година наваму – прво во САД, потоа во Канада, а денес и во целиот свет, овие безопасни облаци постепено стекнуваат форма на ужасно чудовиште.

Бидејќи за многумина нормалното објаснување звучи премногу досадно, нивната приказна е многу повозбудлива. Тие тврдат дека некој се обидува да не отруе. Или да не направи идиоти. Или да не лиши од покиленија. Или да ги уништи пчелите во светот. Токму со таа цел, објаснуваат раскажувачите, не прскаат од небото. При тоа, пред очите на сите! Доволно е да кренете поглед кон небото за да видите бели траги во воздухот. Зар не ви се чинат се повеќе сомнителни, колку подолго ги набљудувате? Нараторот на оваа приказна ги нарекуваат трагите “кемтрејлс”, по аналогија со англискиот збор contrails “кондензирана трага”.

Следбениците на теоријата за кемтрејлс забележале дека едни во воздухот се стопуваат побрзо, а други – побавно. Причина за тоа е различната влажност на воздухот, објаснуваат метеоролозите. Како ли не, велат скептиците. Тие веруваат дека тоа се отровни облаци кои божем безопасни патнички авиони, тајно се опремени со специјални прскалки по себе.

Публицистот Тобиас Хјуртер не без иронија раскажува во “Ди Цајт” за кемтрејлс и приврзаниците на теоријата:

За да сме послушни …

Но кои се овие зли сили кои не прскаат од воздух? Се разбира, вообичаените осомничени: тајната светска влада, фармацевтската индустрија, крупниот еврејски капитал, ѕидари, Илуминатите … А зошто токму тоа го прават? Тука раскажувачи набројуваат многу причини. На пример – за да ни имунизираат, без да разбереме. Или за да не разболат. Верниците во кемтрејлс објаснуваат за наночестички кои предизвикувале заболувања на дишните патишта, и за молекуларни роботи кои влегувале во организмите . Тие ги обвинуваат кемтрејлс како за СИДА, така и за мистериозна и медицински недијагностицирани кожна болест. Често тврдат дека со помош на кемтрејлс предметните темни сили се обидуваат да уништат дел од премногу големото население на земјата. Освен тоа идејата била луѓето да бидат дрогирани со психофармацевтски материи, за да не креваат повеќе револуции и послушно да ги плаќаат даноците.

Следната фракција конспиративни теоретичари тврдат дека авионските прскалки всушност ја местеле климата. На пример, за да престане сеопштото затоплување или пак да предизвикаат вештачка суша во непријателските земји. Луѓето кои веруваат во слични теории, трошат многу време, набљудувајќи ги кондензираните траги кои постепено оформуваат одделни облаци. На You Tube можете да видите многу клипови со коментари на оваа тема.

0,,15661475_401,00

Измислици и факти

Всушност уште во 90-тите години на минатиот век на американски интернет-форуми се појавуваат првите конспиративни теории за тајното расфрлање на отрови од воздухот. Поимот “кемтрејлс” за прв пат се користи во 1999 година, а германските приврзаници на теоријата се регрутира по инерција по 2004 година, кога во списанието raum & zeit излегува статија под наслов “Уништувањето на небото”. Авторот Габриел Штертер вешто меша вистини, полу-вистини и припадност, а целата статија се крепи на изрази како: “блиска до умот е”, “тоа би можело да е така”, “по прашањето веќе нема речиси никакво сомневање” и “постојат сериозни индиции “. Со други зборови: асоцијативност и сугестија наместо логика и факти.

Ајде веднаш да кажеме дека во целата овој “шум” има едно мало зрно вистина. Факт е дека авионите исфрлаат во атмосферата одредени супстанции. Патничките авиони пример исфрлаат во посебен вентил употребена вода од мијалници, а при принудно слетување – често пати и вишокот гориво. Производителите на авиони понекогаш ги попрскува и самите авиони за време на летот, за да ги проучат опасностите од обледување на куќиштето и одделни детали. Во Русија со помош на метални соли се предизвикува предвремено врнежи од дожд облаци, за да се расчисти небото пред воените паради на Црвениот плоштад. Со истата технологија во Пекинг обезбедија суво време за отворањето и затворањето на Олимписките игри. Специјалистите за космонаутика и авиони со години веќе експериментираат со вештачки облаци.
Но слични технологии не можат да се користат за големи манипулации. Еден-два вештачки облаци нема да ја променат климата, а патничките авиони бидејќи или инаку летаат премногу високо, за да имаат некакво влијание врз времето. Ако, пак, некој навистина одлучи да прска психофармацевтски материи од 10 километри височина, тие ќе стигнат до земјата во толку разредени дози, што никој нема да ги почувствува.

За сето се виновни кемтрејлс!

Независно од сето тоа огромен број луѓе сериозно веруваат во теоријата за кемтрејлс. Ако го барате зборот во Гугл, ќе се судрите со безброј “искази на очевидците”, матна фотографија и видео, слики на наводните прскалки во авионите. Ќе прочитате и признанијата на анонимни сведоци, божем работат во американските служби за воздушна контрола. Цврсти факти, меѓутоа, нема да најдете.

Но на теоретичарите на заговор не им е гајле особено. Тие ја совладале уметноста да ја претвораат секоја критика во “доказ” за својата праведност. И веќе се добро организирани. Секоја година во Германија, на пример, се одржува “Марш против кемтрејлс и геоинженерството”, на кој се собираат луѓе од целата земја. Теоријата за кемтрејлс ги поседува сите особини потребни за промоција на една теорија на заговор: таа постојано добива поддршка од нови и нови невидени раскази и ги скокотка умовите со својата загадочност, со учество на мистериозни сили и современата техника. Згора има и практична примена. Детето не може да се концентрира во училиште? Виновни се кемтрејлс! Леите со цвеќиња се исушија, а градината беше удавена во дожд? Оние гадинки сигурно пак прскаат! Досадно и се прашувате што да правите? На прозорецот да набљудувате кемтрејлс!